M&M Talent Hub

Платформа за мапирање и развој на млади таленти

M&M Talent Hub е иницијатива на M&M Media, наменета за млади од 16 до 25 години од Гостивар и регионот, кои имаат интерес за медиуми, новинарство, графички дизајн, фотографија, видео и дрон продукција, вештачка интелигенција, веб и апликациски проекти.

Целта е да се добие појасна слика за интересите, вештините и потенцијалот на младите, со цел во следните фази да се создадат подобри можности за насочување, соработка, обуки и вклучување во реални активности и проекти.

Со пополнување на пријавата, помагаш да се изгради реална база на млади таленти, која во следни фази може да послужи за активности, соработки и проектни вклучувања.

Ова не е класична апликација за работа и не претставува гаранција за ангажман.